СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Кралот се врати: Ова е новиот Range Rover [фото+видео]

 

Голем и луксузен, Range Rover отсекогаш во најдобра смисла покажувал што значи англиската круна во автомобилскиот свет.

Прв од својот вид кој го создаде пред пет децении, Range Rover и во новото издание успева да ја задржи гордоста на претходниците и да ги предводи сите други по неговиот пат.

Должината му порасна на 5.052 милиметри кај кратката и на 5.252 кај долгата изведба, а меѓуоскиното растојание се зголеми за 75 милиметри.

Задржаниот кутиест дизајн однапред благо е еволуиран, отстрана е скоро идентичен но одзади е нешто сосема поинакво, футуристички модерно.

Високата технологија владее рака под рака со кралевскиот комфор – новиот Range Rover донесува дури 125 различни иновации.

Електрониката управува со ослонувањето во согласност со информациите кои ѝ ги дава навигацијата и оптимално ги подесува сите параметри на подвозјето.

Иако огромен, Range Rover е лесно управлив бидејќи се вртат и задните тркала – при мали брзини спротивно од предните, а при поголеми во иста насока.

Кабината во која може да има четири, пет или седум седишта има систем за вентилација кој штити од алергени, бактерии, па дури и од подмолниот ковид-19 вирус.

Поставен на новата MLA Flex основа, од 2024 година ќе се нуди и со електричен погон а до тогаш со дури осум различни мотори.

Дизелите се со 250, 300 и 350 коњи, бензинците со 360, 400 и 530, а плаг-ин хибридите со 440 и 510, сите спарени со осумстепена автоматика и 4×4 погон.

Цената стартува од 94.400 фунти, а нарачки веќе се примаат.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео