СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Електричниот Tesla Model 3 е најпродаван автомобил во септември

Најдобро продаван автомобил во 44-те држави на Европа, во септември, за прв пат е електричниот Tesla Model 3.

Европските купувачи децении наназад беа многу предвидливи во својот избор.

За VW Golf секогаш беше резервиран врвот, а по него се редеа останатите традиционални производители од Европа.

На тие листи за америкаците никогаш не се најде место.

Така беше и годинава се до почетокот на третиот квартал, поточно до септември,  кога Tesla со моделот, Model 3 го запоседна врвот како најпродаван автомобил во Европа.

Почесното место го заработи со продажба на 17.392 возила (+87,9%) оставајќи ги зад себе далеку поевтините Renault Clio со продадени 16.694 единици (-21,3%) и Dacia Sandero кој пронајде 16.096 купувачи за својот најдобро продаван модел.

Во септември немаше место во подиумот за Volkswagen Golf (најдобро продаван модел на годишно ниво) кој продаде 13.979 единици, и се пласираше пред Renault Captur со 12.849 и Citroen C3 кој реализираше 12.430 пласмани.

Листата од 10-те најпродавани возила во Европа за месец септември ја затвараат Peugeot 2008 (12.368), Peugeot 208 (12.080), Fiat 500 (11.564) и на десетото место Dacia Duster со продажба на 11.048 единици.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот