СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Зошто се крие цената?

 

На најголемиот дел автомобилски објави нема истакнато цени туку некакви недефинирани месечни рати. Дали навистина мислат дека со таков однос ќе успеат да привлечат купувачи?

Пристигнат е нов модел, или пак некој модел се нуди по акциска цена. Честа појава при тргување со автомобилите.

Така е во целиот свет, а и возилата кои се рекламирање најчесто се идентични.

Разликте започнуваат од пристапот. Додека во развиениот дел од Европа примарна информација е цената, па потоа се истакнуваат останатите атрибути, кај нас пристапот е драматично поинаков.

Во преден план е моделот (и тоа во некоја врвна опременост), а од цената најчесто нема ниту трага. Поточно истакната е некоја бројка (299 евра, нели?) која говори за месечна рата. Толку.

Нема информации за висината на учеството, бројот на рати, начинот на финансирање, каматите,…

Како да се обраќаат на некоја полуписмена публика на која тие детали ништо не и значат. Или, можеби им е малку незгодно да ја прикажат вистинската цена на автомобилот.

Да, јасно им е на сите, цените на автомобилите се поприлично повишени. Така е тоа насекаде, нашите трговци не можат да бидат поштедени од светските трендови.

Но, зошто побогу таква таинствена гимнастика со цените? Криенката оди до таму што на бројни службени сајтови ќе наидете на пораката: ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА.

Ако по некој случај сте заинтересирани за купување нов автомобил ќе мора малку да се потрудите. Ако не ви успее допишувањето, ќе мора да набиете малку километража во весела потрага по најповолната понуда.

Овој, во најмала рака иритирачки пристап, најмалку се прави од незнаење. Помеѓу останатото тоа вклучува и криење на цените од конкуренцијата, а има и блага нота на неискреност кон производителите.

Ако случајно има цена на објавата, тогаш повторно не е без некоја мала (слатка) финтичка. Омилена „нечесност“ со која се користат огласувачите е податокот кој говори за стартната цена на одреден модел која по правило е прималиво поволна.

Кога конкретно ќе се за интересирате, следи соочување со тврдењето дека токму таа верзија е продадена, ама имаат на залиха од малку поопремените. Нормално тие се за неколку илјадарки поскапи отколку од насмеаниот убавец од билбордот.

Проверена тактика која подолго време е присутна, што ни дава за право да веруваме дека сеуште функционира.

Бпгчавно ова е амбиентот во кој се одвива комуникацијата помеѓу продавачите и заинтересираните клиенти за нови автомобили.

Сé се сведува на резонот: покажете малку разбирање за присутните балканизми при пласирање на новите автомобили. Зарем е малку што „тој и тој“ импортер ви донел тука светскиот новитет, па уште и ќе приговарате(!?).

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг