СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Исклучиле семафори заради неплатена струја!

 

И тоа го има – во Романија се исклучени семафори на раскрсница заради неплатени сметки за струја.

Веста која звучи како од рубриката, верувале или не, е резултат на типичниот менталитет на земјите како Романија или поблиската околина.

Имено, проблемот не е настанат заради немање пари, туку инаетење кој треба да ги плаќа сметките за струја за семафорите.

Ако сите мислиме дека тоа треба да биде градот, градските власти во местото од каде пристигна веста сметаат дека тоа треба да биде државата.

Но, да не ве заморуваме многу со детали, ќе додадеме уште и дека исклучените семафори се на опасна раскрсница која има тажна историја на сообраќајни несреќи.

Ако е за утеха, спорот се однесува само на напојувањето со струја во текот на денот – градските власти не прават проблеми за ноќните часови.

Како капак на сé, се дозна дека семафорите биле приклучени на електричната мрежа преку едно кафуле во непосредна близина, чиј сопственик всушност цело време ја плаќал сметката за струја.

Треба ли уште нешто да се каже?!

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот