СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Toyota Aygo X – една нова приказна

 

Toyota заслужува аплауз не само заради одлуката да не го напушти А-сегментот, туку и заради моделот со кој ќе остане во него.

Можеме да го сфатиме како трета генерација на познатиот Aygo, но заради големите промени кои ги донесува фер е да се третира како нешто сосема ново.

За да се разликува доби додавка во името – само една буква која доволно сугерира дека веќе не е класичен хечбек туку кросовер.

Затоа и од Toyota ни велат дека споменатата буква „X“ не се чита ‘икс’ туку ‘крос’, јасно целејќи на огромната популарност на овие возила.

Но не е само буквата – промената на формата му даде далеку поагресивен и поробусен изглед во однос на претходниците.

Тоа е зачинето и со доста стилски детали и визуелни трикови, како што се двобојната каросерија, острите рабови и тркалата од дури 18 инчи.

Поставен е на платформата од Yaris заради што значително порасна – во должина за цели 23,5 сантиметри, а во широчина за половина од тоа.

Зголемено е и меѓуоскиното растојание за 9 сантиметри што сето заедно донесе многу повеќе простор и во внатрешноста, и во багажникот.

Она што остана исто е малиот еднолитарски трицилиндричен агрегат со скромни 72 коњски сили, кој може да се добие со петстепена мануелна или CVT трансмисија.

За жал промени и тоа веројатно големи ќе доживеат и цените, за кои Toyota засега молчи.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот