СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Избрани финалистите на Националниот избор, 2021 Автомобил на година во Македонија

 

Во трка за 26-тата титула на највредната автомобилска награда во Македонија се најдоа осум финалисти.

Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија ги одбра возилата кои влегуваат во финалето:

Citroen C4
Land Rover Defender
Nissan Juke
Peugeot 2008
Skoda Octavia
Seat Leon
Toyota Yaris
VW Golf

Според однапред утврдената динамика во тек се деталните запознавања со финалистите. Прогласувањето на победникот ќе биде на крајот од февруари 2021 година.

Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија годинава по 26. пат го организира Изборот, и истиот е најстар избор од ваков вид на Балканот.

Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието
– „SUV на годината
– „Томислав Биљарац“ – признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија
– „EV на годината“ – признание на модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата.

Наскоро на нашиот портал ќе биде објавено и гласање на кое и Вие почитувани, ќе можете да гласате за вашиот фаворит.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг