СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Добра вест: горивата за две недели поскапеа за 2,50 денари, лоша вест: очекувајте уште

 

На два потега, заради зголемувањето на цените на суровата нафта, а последователно на тоа и на дериватите на берзите, горивата кај нас поскапеа за 2,50 денари.

Регулаторната комисија за енергетика на Македонија ги објави новите ценовници на горивата кои ќе важат од полноќ.

Оние кои ги следат движењата на цените на нафтата и дериватите на светските берзи веќе знаат – тие поскапуваат.

Оние кои, пак, не ги следат ќе дознаат дека за литар бензин ќе плаќаат по 63,50 денари, за литар од поквалитетниот бензин од 98 октани по 65, а за литар дизел по 54,50 денари.

Но и едните и другите ќе забележат дека во споредба со пред две недели новите цени на горивата се за 2,50 денари повисоки – исклучок е еуросупер БС-98 кој е поскап за 2 денари.

Ова сепак е добрата вест – лошата е дека треба да очекуваме дериватите кај нас да поскапат за уште 3 денари заради претстојното покачување на акцизите, што може да се случи секој момент.

Повеќе за тоа прочитајте тука.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг