СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Во Mission Imposible 7 Том Круз вози BMW M5

 

Во седмото издание на акцискиот серијал „Невозможна мисија“ чии сцени се снимани и во Рим, Том Круз вози BMW M5 без странични врати.

Гледајќи филмови, често се прашуваме како тоа се снимаат опасните сцени. Лубопитството е посебно изразено кога станува збор за акциони трилери каде дублерите го преземаат целиот ризик штитејќи ги така главните актери.

Но тоа не е случај и со Том Круз кој сите сцени, без разлика на степенот на ризик, преферира сам да ги снима.

При снимањето на Mission Imposible 7 тој во спротивен правец вози мотоцикл низ Париз, потоа виси од авион во движење, се качува на највисокото здание на светот.

Подолу приложеното видео е дел од лудувањето низ тесните улички на Рим при што актерот управува со BMW M5 од кој се извадени сите врати.

Том Круз покажува дека е многу способен зад воланот, изведувајќи на калдрма пролизгувања на задниот дел на спортската лимузина со заден погон.

За жал, по се изгледа дека спортскиот седан нема да го преживее филмот во едно парче, бидејќи на снимкиве М5 е останат без врати.

За да бидат успешно снимени сцените со спортскиот седан од 600 КС, камерите се поставени на Nissan GT-R и Porsche Cayenne.

Долгогодишното партнерство на БМВ со франшизата за акциони филмови ќе продолжи, бидејќи новиот БМВ М5 очигледно ќе биде ѕвезда во „Невозможна мисија 7“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео