СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Менување на правилата на игра (видео)

Од Шпанија, поточно од Барселона, пристигнува возило чии креатори сакаат да ги сменат правилата на игра.

Компанијата наречена Lupa Motors има размислување дека набавката на возилото и батериите треба да биде одвоена.

Според нив, кога купувате електрично возило можете да го набавите со или без батерии. Ако го купите со батерии и тие откажат со текот на годините, тогаш ќе си купите нови.

Ако пак се добри а сакате да со смените возилото, тогаш ќе го продаде без батерии – неговиот купувач ќе си купи нови, а вие ќе ги користите старите во вашето идно возило.

Делува малку чудно, но според Шпанците е изводливо – како доказ го приложија нивниот концепт на речен Е26 конструиран токму со таква можност за одвоивост од батериите.

Возилото е долго е 4.069, широко 1.780 и високо 1.519 mm, а се задвижува со електромотор со 118 коњски сили, кој до 100 километри на час треба да го забрза за околу 9 секунди.

Ќе може да помине повеќе од 300 km со едно полнење на литиум-јонските батерии од 42 kWh, за кои до 80% од капацитетот на полнач до 100 kW ќе им требаат 28 минути.

Lupa Е26 треба да се појави на пазарот во текот на 2023 година, по пристапна цена од 9.400 евра бeз батериии односно 17.000 со батерии ќе се продава преку интернет.

На почетокот ќе биде достапно како хечбек, а понудата подоцна ќе биде дополнета со комерцијално возило и кросовер.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот