По 9-годишна пауза Водно повторно беше домаќин на ридско-брзинска трка која сега се бодува само за Државниот шамипонат. Присуството на Игор Стефановски и неговото Hyundai i30N TCR ја потврдува амбицијата трката да се врати на календарот на меѓународните натпревари.
Трките на Водно беа и поминаа. Лубителите на брзините по девет годишна пауза повторно имаа можност да присуствуваат на трки во кои возилата во жесток ритам се трудат да го скратат времето потребно за искучување на најпознатото скопско „брдо“.
Веќе се познати и најбрзите по класи но тоа што посебно импресионира е присуството на нашиот најдобар возач Игор Стефановски – Иџе кој за годинешниот TCR шампионат избра да вози Hyundai i30N TCR.
И не случајно, натпреварувачката 30-ка со додавката “N”, а подготвена во согласност со правилникот на TCR натпреварите во моментот е едно од најкомпетитивните возила, со реални изгледи, во блиска иднина, и за искачување на самиот врв.
Унаку трките од интернационалниот шампионат на туристички возила (TCR) се возат од 2015 година, а во нив учествуваат четири или петвратни модели од „Ц“ сегментот.
Во разговор со техничкиот шеф на екипата “Stefanovski Racing Team”за која службено настапува Иџе, ни беше кажано дека во согласност со спецификациите, Hyundai i30N TCR располага со максимални 350 КС кои ги испорачува дволитрениот турбо бензинец.
Само за споредба, серискиот Hyundai i30N, развива 275 КС. Освен таа разлика, тркачкиот болид има и целосно оголена внатрешност, а наместо комфорно дизајнираната средина вграден е неопходниот безбедносен кафез.
Капацитетите на најспортската триесетка избиваат од секој детаљ; започнувајќи од импресивната појава па се до возбудувачкиот спортски звук.
„Виновник“ за тоа се специјалистите од Hyundai Motorsport, односно истата германска екипа која го подготвува и Hyundai WRC болидот кој е најголем конкурент за освојување на годинешниот шампионат.
На тековниот шампионат, за возење се предвидени вкупно седум трки: Le Castellet (FR), Zandvoort (NL), SPA (Bel), Hungaroring (H), Assen (NL), Monza (IT) и на крајот на сезоната, Barcelona (E).
По импресите и дружбата со Иџе и неговото болид, Hyundai i30N TCR ни преостанува на нашиот најдобар возач да му посакаме среќа во вториот дел од сезоната која започнува за десетина дена во Хунгароринг.
(Најтопло ви препорачуваме да го погледнете импресивното видео порачано од домашниот увзник на Hyundai)
[tube]https://www.youtube.com/watch?v=6ax6gzzJjOs[/tube]