СЛЕДЕТЕ НЀ

Видео

Во Словачка автомобил леташе 35 минути

 

Не, не сме ги измешале календарите и место 1 јули да мислиме дека е 1 април – вистина е, во Словачка автомобил леташе 35 минути.

И тоа по 142-ри пат откако овој засега сé уште прототип го имаше првиот лет при крајот на ланската година, но сега за прв пат меѓу два града – Нитра и Братислава.

Како што се гледа од фотографиите и видеото, овој изум на компанијата Klein Vision неинвентивно но доволно сугестивно наречен Air Car, навистина е автомобил.

Опремен е со мотор од BMW со 160 коњски сили, троши стандарден автомобилски бензин и може и да вози и да лета.

Во досегашните 40 часа летање има постигнато максимална крстаречка брзина од 190 километри на час и се има искачено до висина од две ипол илјади метри.

Процесот на конверзија од автомобил во авион, односно вовлекувањето на крилата и опашката, трае помалку од три минути.

Сериската верзија ќе има мотор од 300 коњи со кој ќе лета со 300 km/h и ќе може да остане до 1.000 километри во воздух.

Но за неа ќе мора да се почека малата компанија за која ова претставува голем успех да ги извади сите потребни сертификати и одобренија.

Во меѓувреме, тие велат дека ќе започнат да работат на автомобил кој ќе може да вози и да плови.

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео