СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Nissan останува во Британија

 

Nissan конечно ги разби сите недоумици за неговото идно присуство во Велика Британија – ќе гради нова фабрика за батерии и ќе произведува електричен кросовер.

Плановите за електрификација на своето делување во Англија јапонската компанија ги потврди со милијарда фунти инвестиции.

Како дел од иницијативата наречена EV36Zero тие заеднички ќе бидат обезбедени од Nissan, неговиот партнер за производство на батерии Envision AESC и градските власти на Сандерленд.

Резултатот од инвестицијата е прилично ветувачки – ќе се отворат околу 6.200 работни места. Од нив, 900 кај Nissan, 750 кај Envision AESC и остатокот низ мрежата добавувачи ширум земјата.

Новата фабрика за батерии ќе стартува со капацитет од 9 GWh годишно кој прогресивно ќе се зголемува до 35 GWh.

Тое ќе биде доволно за годишно опремување на 100.000 електрични возила.

Деталите за новиот кросовер Nissan ги нема објавено, но најавните скици сугерираат дека ќе биде нешто помал од Ariya и дека ќе има слична силуета во стил на купе.

Датумот на почетокот на производство не е наведен, но ако се знае дека сегашната генерација на Leaf ќе го заврши животниот век во 2024 година, претпоставка е дека би можело да се случи токму тогаш.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV