СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Volkswawgen ID.3 1st: Електричното смејство го започнува својот живот

 

Вчера (08.05.) Volkswagen го претстави првиот сериски член на електричното смејство ID.3 и тоа во посебно (1st) издание. Во првите 24 часа по отварањето на нарачките запишани се околу 10 илјади купувачи кои по преземање на возилото ќе платат по 40 илјади евра.

Volkswagen ја користи веќе опробаната стратегија применета кај Tesla при  претставувањето на Model 3.

Најпрвин се претставува возилото, се објавува цената, се примаат нарачки, а возилото се испорачува по една година. Просто и едноставно!

Добро, на Tesla се чекаше и подолго но кога веќе тргна продажбата (по речиси три години), сега се рушат продажните рекорди.

Значи: Volkswagen отвори страница на интернет на која со претплата од 1.000 евра се влегува во редот за првата едиција на ID.3 1st која чини рамно 40 илјадарки. За претплатниците следи и целогодишно бесплатно „танкање“ на струја но не повеќе од 2.000 kWh.

Пребукираната страница и примањето на 10 илјади нарачки јасно го покажуваат интересот на публиката за првиот член на идното ID. семејство.

Нјаголеми пазари според стратезите на VW би требало да бидат Германија, Норвешка, Холандија, Франција и Австрија. Годишната продукција од 100 илјади возила се очекува да заврши токму кај купувачите од овие држави.

Под хаубата на претставениот примерок не се случува ништо драматично. Всушност таму е празен просотор кој се користи како багажник.

ID.3 е поставен на позната палтформа MEB (Modularen Elektrobaukasten) која Volkswagen веќе бесплатно ја понуди и на останатите производители. За возилото со големина на Golf се тврди дека има место како во Passat.

Сетот на батерии, стандардно, поставен е на подницата а електромоторот ја придвижува задната оска. Постојат две силини на електромотори, 170 односно 204 КС кои можат да обезбедат максимална брзина од 180 км/ч.

VW ID.3 1st има вградени батерии со капацитет од 58 kWh кои максимално можат да дофрлат до 420 километри. Во подоцнежните фази ќе бидат понудени и верзии со 45 kWh (330 km) односно 77 kWh (550 km).

Првично се понудени 4 бои (не е познато кои!) и три нивоа на опрема – највисокото ниво, ID.3 1st Max освен останатото има и голем кровен отврор.

Тактиката, деталано разработена од Tesla, и маркетиншкиот пристап на експертите на Volkswagen очигледно даваат резултат. На принципот, купувачите да го финансираат производството на сопствениот примерок, во иднина веројатно ќе се налепат и други производители.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот