СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Seat Terraco: Најголемиот SUV на шпанците (видео)

 

SEAT Tarraco е третиот, истовремено и најголем SUV на познатиот шпански производител кој што се придружува на фамилијата која ја сочинуваат Arona и Ateca.

Со дизајнирањето на Tarraco производителот ни ги открива новите смерници на идните модели на SEAT. Големиот SUV со својата флексибилност им овозможува  на купувачите избор на варијанти за 5 и 7 седишта.

Tarraco го доби своето име од медитеранскиот град Tarragona, и во хиерархијата на SEAT е на самиот врв на SUV гамата, над помалите браќа, Ateca и Arona. Тој е развиен на истата MQB платформа како и Ateca, но Tarraco е поголем во должина и висина.

Продажбата на новиот Tarraco ќе започне на почетокот на следната година, а новиот SUV на SEAT ќе се произведува во фабриката на Volkswagen во Wolfsburg, Германија.

Надворешниот дизајн е пропратен со современа и едноставна внатрешност.

Прво што паѓа во очи е дизајнот во однос на другите модели на SEAT. Централно е поставен големиот, 8-инчен мултимедијален уред, а пред возачот се наоѓа 10.25 инчен дигитален панел со инструменти.

Меѓу другото, Tarraco добива и DCC систем за динамична контрола на суспензијата, системи за следење на коловозната лента, систем за препознавање пешаци и велосипедисти, следење на слепата точка и уште многу, многу повеќе.

Гамата на мотори ја сочинуваат по два бензински и дизел мотори, сите со турбополнење. Основен мотор во понудата е 1.5-литарскиот TSI турбо-бензинец кој испорачува 150 КС и се комбинира со шест-степен мануелен менувач и погон на предните тркала.

Следи 2-литарскиот TSI со 190 КС кој може да се добие со седум-степенски DSG менувач и 4Drive погон на сите четири тркала.

Кај дизелите изненадувања нема, тука е добро познатиот 2.0 TDI со 150 или 190 КС. Послабата верзија може да се добие со мануелен менувач и погон на предните тркала, или пак автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

Помоќниот турбодизел е достапен само со автоматски менувач и погон на сите четири тркала.

 

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=amds-Fu7f24[/tube]

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV