СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Xiaomi Ninebot GoKart Pro: Електричен картинг со изглед и звук како Lamborghini (ВИДЕО)

Кинескиот електронски гигант по повод својата 10-годишница лансираше нешто што многу ќе ги возбуди ентузијастите.

Далеку од обичен, овој електричен картинг од Xiaomi е создаден со допринос од Lamborghini, заради што името му е дополнето со Lamborghini Edition.

Бојата е специјална жолта, исто како и италијанските суперавтомобили, од кои има преземено некои дизајнерски детали и амблемот.

Има батерија од 432 Wh која треба да му обезбеди поминување добри 62 круга од по 400 метри, и тоа со брзина од 40 km/h.

На малите тркала се монтирани специјални пневматици со кои лесно ќе се натера на дрифтање, а она што навистиона возбудува е специјалниот аудио-систем кој го имитира звукот на V10 машините на Lamborghini.

Цената на Xiaomi Ninebot GoKart Pro Lamborghini Edition изнесува нешто помалку од 1.500 долари, а засега е нејасно дали ќе се продава и надвор од Кина.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео