СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

What Car? го избра Peugeot e-208 за „мал електричен автомобил на годината“

 

Наградата ‘Electric Small Car of the Year’ која ја доделува редакцијата на угледниот Британски месечник и портал What Car? ја доби Peugeot e-208.

Peugeot e-208 во финаланата трка доби повеќе гласови од Honda E и Renault Zoe. Во образложението на експертското жири се истакнува можноста суб-компактниот Peugeot да може да се испорача со бензиски, дизел или пак електричен мотор.

Експертите од областа кои ги оценуваа целосно новите електрични модели од „Б“-сегментот посебно го истакна моментот на мултиенергетскиот пристап.

Тој овозможува една иста платформа да послужи и за вградување на еколошки погон кој има нулто загадување на околината.

Исто така и внатрешноста на новиот e-208 (во ниво на опрема Allure) не ги остави рамнодушни експертите. i-Cockpit® кокпитот со 3D приказ на податоците беше оценет со највисоки оценки.

Само да потсетиме: PEUGEOT e-208 го движи електромотор од 100 kW (136 КС), a капацитетот на батериите од 50 kWh овозможува радиус на движење од безмалку 350 километри.

За повторно полнење на батериите – до 80% од капацитетот – потребни се само половина час. Peugeot 208 е актуелен носител на најпрестижната награда „Автомобил на годината во Европа“

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV