СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

IAA 2021 се соочува со сериозни предизивици

Цела година пред одржувањето на IAA 2021 (Internationale Automobil-Ausstellung) организаторите се соочуваат со проблеми како воопшто да привлечат некој изложувач.

И салонот во Франкфурт кој од идната година се сели во Минхен може да биде жртва на пандемијата, како и сите годинешни и добар дел од салоните планирани за идната година.

Проблемите не се здравствени – сé уште е рано да се знае што ќе биде догодина, но факт е и дека тоа влијае на размислувањето и планирањето на учесниците.

Ситуацијата ниту малку не е оптимистичка – од домашните само BMW го има потврдено своето учество, а од странските ниту еден производител на возила или пак битен добавувач на автомобилската индустрија.

Соочени со поинакви, не-пандемиски проблеми, организаторот на IAA уште лани реши тој да се одржи во нов формат и да прерасне во платформа за мобилност.

Заради тоа и беше преселбата во Минхен, чие сајмиште понуди најдобра програма за реализација на замисленото.

И (можеби) сé ќе беше во ред да не се појавеше Ковид-19, кој во содејство со анти-салонското размислување на производителите и нивното префрлање на вниманието кон други, помалку изискувачки и скапи настани, не го стори своето.

Како жртви годинава паднаа сите големи салони – Женева, Париз, Њујорк, Детроит – единствено Кинезите собраа храброст и со одложување од половина година го одржаа салонот во Пекинг.

За жал, проблемите се прелеваат и во идната година, засега повеќе преку одложување, а помалку преку откажување на предвидените манифестации. Официјално, датумот за одржување на IAA 2021 е 7 до 12 септември.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV