СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

VW ID Buggy Concept: Со електрика во потрага по крајбрежни авантури

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: VWIDBuggy not found

 

Групацијата Volkswagen располага со платформа за електрични возила на која може да надгради различни по намена облици. Годинава во Женева беше прикажано стилско баги возило.

Притисната од дизелгејт аферата, групацијата Volkswagen беше принудени да пронајде нови патишта, и тоа без опеаните дизле мотори.

Резултатот од неприкинатата работа беше конструирање на MEB (Modularer Elektrobaukasten) платформата. Германската кратенка во слободен превод значи, модуларна платформа за електрични возила.

Поинаку кажано, VW произведе универзална платформа кај која електричните мотори и батериите се променлива категорија.

Токму оваа платформа, Volkswagen веќе ја понуди и на останатите производители а се со цел зголемување на произведени единици и намалување на трошоците.

Таа платформа засега се употребува кај сите модели на групацијата кои се придвижуваат само со помош на електрична енергија.

Како убав експеримент, на женевската автомобилска смотра беше прикажан и концепт на чисто баги возило.

Отсуството на кров и врати даваат чувство на слобода и авантура, а токму тоа била и намерата на конструкторите.

Иако во моментот ID Buggy е претставен како концепт, јасно е дека евентуалното сериско производство ќе зависи исклучиво од интересот на купувачите.

Ова го овозможува токму MEB платформата кај која батериите се сместени на подницата а електромоторот (или два такви) ја придвижуваат задната оска.

Сосема очекувано е во ваков тип возило да бидат вградени најнови технолошки апликации, но сепак при конструирањето на ID Buggy преовладува минималистичкиот пристап.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV