СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

VW ќе го рестартира производството на e-Up!

 

Застарен и скап, е-Up! немаше шанси да го преживее напливот на новите електрични модели на марката и оправдано беше испратен во пензија.

Без наследник, бидејќи ниту пазарот ниту производителот сé уште не беа подготвени за нешто вака мало.

Но, времињата брзо се менуваат – електричните возила се барани, посебно оние поевтините кои во моментов малку ги има во понуда на пазарот.

Затоа и не чуди што Volkswagen планира после две години да ги извади од фиока техничките цртежи за електричниот Up! и да го рестартира неговото производство.

Според проценките, тој нема да привлече којзнае колку купувачи но тие ќе бидат доволни да „држат вода“ до 2025-тата кога треба да се појави ID.2.

Колку ќе чини „новиот“ e-Up! не е познато – тој тивко во 2020-тата откако со редизајнот доби и поголеми батерии, беше испратен во пензија со 26.500 евра.

Како и да е, појавувањето на Dacia Spring иако директно не се споменува, во секој случај сигурно влијаеше на ваквиот тек на размислување на челниците на VW.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV