СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Тестови

Volvo XC90 T8 Ultra Dark: Амбасадорска генетика

Редизајнираниот знаменосец на Volvo го красат шведска елеганција и најсовремена хибридна технологија. Го возевме врвот на понудата со 455 КС.

Амбасадорите се одбрани луѓе чија главна задача е со дигнитет да ја претставуваат својата земја.

Притоа мора да внимаваат на сите детали кои може да влијаат на имиџот и позитивната слика со која рефлектираат во земјите домаќини.

Во позитивното претставување една од највидливите компоненти се возилата кои го користат. Всушност изборот на возило со кое се службено се движат (покрај личната импресија) можеби е пресудна компонента при создавањето на имиџ на префинетост.

Изборот на тие возила воглавно се сведува на врвните модели од премиум брендовите.

Токму за таквите параметри при изборот, Volvo има совршен одоговор: Volvo XC90. Уште ако притоа моделот е темелно редизајниран и осовремен, развиканата конкуренција (Mercedes-Benz, BMW и Audi) добива непобедлив конкурент.

Не говориме овде за компаративни предности, туку за статусот на алтернативен премиум со дискретна но стилски непоколеблива визуелизација и примена на врвна технологија.

Имиџ граден еден век

Volvo е основан пред точно 98 години, а од 2010 година мнозински сопственик на шведската компанија е кинескиот Geely (Гили).

Токму преминот во кинески раце беше пропратен со големи контроверзи. Се стравуваш дека имџот ќе биде нарушен, а развојот потиснат на маргините.

Меѓутоа се случи токму спротивното: развојот беше потикнат со нови инвестиции, а посебно се внимаваше на задржување на имиџот на врвна безбедност и препознатлив дизајн.

Задржувајќи ја продукцијата на стабилно ниво (малку над 700К), внимателно се калкулира со ексклузивноста на брендот.

Безбедност, технологија, скандинавски дизајн

Да се говори за безбедноста на Volvo возилата, значи да се дискутира за референтно поставени критериуми. Зарем може да се очекува нешто помалку кај нивниот врвен SUV?

Веднаш да заклучиме: кај Volvo XC90 T8 не постои познат безбедносен систем кој не е вграден. Дали може и над тоа? Не на тоа поле, но може во делот на комфорот, како на пример суспензијата со технологија на FSD (Frequency Selective Damping) амортизери.

Во погонскиот дел изненадување нема: кинезите се водечки во електрификацијата, а под T9 кратенкста се крие „плагин“ технологија. Бнезинскиот турбо мотор, кој од 2,0 литри испорачува 310 КС, се комбинира со електромотор од 145 КС.

Коректната поделба на обврските овоможува бензинецот да се грижи за испорака на силината на предната, додека електромоторот е задолжен за задната оска.

Заедничките 455 КС овозможуваат 2,2 тонско возило да забрзува за спортски 5,4 секунди. Максимална брзина во Volvo е апсолвирана тема и не се дискутира многу – кај сите модели електронски е ограничена на бројката од 180 км/ч.

Главна тема кај хибридните возила е еколошкиот отпечаток. Колку само неверојатно звучи податокот дека (WLTP стандард) Volvo XC90 T8 во просек троши 1,2 до 1,6 литри/100км.

Во корист на вистината да истакнеме дека оваа вредност се однесува само кога батеријата од 18,8 kWh e наполнета „до врв“ (електрична автономија од 62 до 72 км).

Релативни промени се случуваат кога таа е празна – на отворен пат со потполно испразнета батерија може да се смета на просек од скромни 7 литри. Потсетуваме на податокот дека седмоседот тежи (празен) преку 2,2 тона. Ова можеби е најдобар одговор зошто во Volvo (кај сите нови модели) веќе не сметаат на дизелските агрегати.

За луксузната атмосефера, извонредниот комфор и премиум чувството ќе биде излишно да се трошат килобајти. На сите седишта е вградена природна напа кожа во кремаста нијанса, во кабината не успеваат да допрат никакви звуци освен од тоа што ќе го пуштите од врвниот аудио состав.

Патникот на задните седишта без пречки ќе може да се подготви за следниот состанок.

Лубителите на високата технологија можеме да ги развеселиме со онформацијата што Volvo во соработка со Google има развиено сопствен оперативен систем, Android Automotive OS со интегрирани Google услуги.

Уште ова: за врвно аудио искуство е задолжен Bowers & Wilkins системот со 19 звучници.

Ultra Dark верзијата, во надворешноста импресионира со елементи обоени во црно, бандажи од 21 инч и затемнети сите стаклени поврчини, додека внатрешноста оплеменета со природна напа кожа, го дава она неповторливо чувство на елеганција и престиж.

И како што рековме на почетокот Volvo XC90 T8 Ultra Dark е идеален за семејствата (7 седушта), менаџерите и за ентузијастите коу бараат просторен SUV со врвни перформанси ниска емисија и премиум изработка. Да, и можеби највеќе, дипломатите!

Освен последнава група, останатите ќе треба за својот Volvo XC90 Ultra Dark примерок, да издвојат точно 91.490 евра.

Volvo XC90 T8 Ultra Dark

мотор линиски бензинец со “plug in” хибридна асистенција асистенција/ четири цилиндри, сместен напред, попречно
работна зафатнина 1.969 cm3
пречник и од 82,0 × 93,2 mm
напојување турбо компресор, две брегасти оски, директно вбризгување, четири вентили по цилиндар, компресија 10,3:1
максимална силина 225 kW / 310 КС @ 6.000
максимален вртежен момент 400 Nm  @ 3.000- 4.800 врт/мин.
пренос на силина 8 – DCT автоматик, интегрален погон
електромотор 107 kW (145 КС) / 309 Nm
системска силина 335 kW / 455 КС
потпирање Напред: независно, McPherson, стабилизатор                    Назад: независно, просторна оска, стабилизатор / FSD амортизери
сопирачки: напред / назад вентилирани дискови / вентилирани дискови  – ABS, EBD, ESP
должина x широчина x височина 4.953 x 1.923 x 1.771 (mm)
меѓуоскино растојание 2.984 mm
тежина 2.222 kg
максимална брзина 180 km/h
забрзување од  0 – 100 km/h 5,4  секунди
комбинирана потрошувачка 1,2  – 1.6  l/100km
емисија  на CO2 (WLTP) 30  – 36  gr/km

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Тестови