СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Тестови

Volvo XC40: Шведски гени во компактно пакување

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: VolvoXC40Test not found

 

Актуелниот носител на најпрестижната автомобилска титула во Европа го возевме во верзија со дизелски мотор од 190 КС, 8-степенска автоматика и збогатено, Inscription ниво на опрема.

Volvo е автомобилски производител со изразито својствен профил. Првата асоцијација за шведскиот производител јасно упатува кон безбедноста. И класичната, речиси безвременска димензија на обликот.

За илустрација, уште во 1944 година Volvo во возилата вградува безбедносен кафез, потоа во 1959 година безбедносни ремени во три точки, за да современата ергела во блиска иднина (2020) се проектира со задача ниту еден патник да не биде сериозно повреден во сообраќајни незгоди со нов Volvo автомобил.

Врз база на тие тие приоритети е проектиран и најмалиот SUV, Volvo XC40. И веднаш по претставувањето истите тие вредности, но сега искомбинирани и со современ облик и луксузна изведба, се препознаени од европската стручна јавност која градскиот SUV го наградува  со најпрестижната европска титула, Автомобил на годината.

 

Класна припадност

XC40 воопшто не го крие своето потекло. Тоа е чистокрвен швеѓанец со благороднички гени. Кинескиот капитал присутен преку Geely е ставен во функција на уште поголемо истакнување на традиционалните вредности. Бенефитите од мултинационалниот проект ќе може да ги уживаат клиентите кои добро ги познаваат вредностите на секој производ направен од „шведски челик“.

Алтернативата на германското премиум трио, на пазарот се пласира под мотото, современ премиум, со тоа што главниот дизајнер, XC40 го опишува како „силен мал робот“. Уште при првиот контакт со возилото станува совршено јасно дека се работи за премиум возило со квалитет на изработка од највисок ранг.

 

Градски SUV со теренски капацитети

Дизелски мотор од 190 КС кој преку 8-степенска трансмисија ја пренесува силина на сите тркала, звучи како солидна основа за возило со вкупна должина од 4.425 mm.

Додајте ги кон тоа и меѓуоскиното растојание од 2.702 mm како и големите тркала од 18 инџи, и ќе добиете возило кое е поприлично храбро.

Посебните модови на возење во кој програмите Sport и Terrain се посебно интригантни, ја појачуваат адреналинската доза при брзо односно теренско возење.

 

Луксузот е во деталите

Описот на безбедносната опрема кај производител кој дава апсолутен приоритет токму на безбедноста, претставува обемен ангажман.

Само ќе напоменеме дека во XC40 се присутни системите за контрола на тргнувањето, на возењето, со акцент на автоматско одржување на коловозната лента и одржување на растојанието, стабилноста во свиоци, па се до асистенциите за автоматско сопирање во случај на детектирана опасност.

Сите овие системи се развиени генерички, со тоа што постојните системи се унапредени до степен на обезбедување максимална безбедност како на патниците така и на останатите учесници во сообраќајот.

Луксузните апликации во вид на перфектен звук од Harman Kardon системот, или кожниот ентериер, или можеби од уметоците од алуминиум или посебен синтетски материјал, ја даваат онаа препознатлива нота на дискретен луксуз во шведски стил.

Сите секундарни команди се изведени преку големиот „таблет“ сместен на централниот гребен. Со ова современо техничко решение, Volvo дефинитивно се одалечува од класиката. Нашите дилеми околу задржување на традиција на оваа позиција се судираат со примарната целна група за XC40, а тоа секако е помладата популација израсната со „тач“ технологија.

 

Удобна динамика

Volvo XC40 поседува капацитети да вози прилично динамично, но истовремено има и можности да крастари во висок стил.

Забрзување од 7.9 секунди за возило кое празно тежи над 1.7 тона е резултат за респект. Уште поубедлив е начинот на кој го прави тоа – мазно и без преголема возбуда.

За смирено градско возење најадекватен е ECO модот кој овозможува лесно маневрирање со посебно внимание кон намалени емисии на штетни гасови.

Од друга страна, со вклучувањето на Sport модот, педалот за гас станува по чуствителен, менувачот менува при зголемен број вртежи а управувачот по директен.

Уште седалниот дел на седиштата да беше малку подолг ќе немавме никаква забелешка. Штета што временските услови не ни овозможија да ги испробаме капацитетите на интегралниот погон кој автоматски го распределува вртежниот момент.

Volvo XC40 не е евтин автомобил (тестниот модел чини преку 55К евра), но ниту е замислен како таков. Тој првенствено е наменет за млади успешни луѓе кои веќе имаат изградено префинет вкус за препознавање на трајните вредности.

 

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

мотор   …………………………  дизел D4, 4 цилиндри, 1.969 ccm, Twin Turbo, 16 вентили, Euro 6d Temp

макс. силина  …………………  140 kW / 190 КС @ 4.000 (врт/мин)

макс. вртежен момент  ……..  400 Nm @ 1.750 – 2.500 (врт/мин)

димензии  ……………………..  4.425 x 1.863 x 1.652 (mm)

макс. брзина  …………………  210 км/ч

забрзување  0-100 km/h  ……  7.9 сек.

тежина на празно возило …..  1.728 kg

комбинирана потрошувачка ..  5.1 л/100 км (CO2 – 133 g/km)

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Тестови