СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Volkswagen ID.4: Сега и официјално (видео)

И досега сé се знаеше за новиот електричен SUV-адут на VW – сега тоа е официјално.

Премиерата на електричниот Volkswagen ID.4 помина некако без возбудувања, иако самиот модел тоа го заслужува.

Најавен одамна, збор по збор, бројка по бројка и слика по слика, јавноста ги комплетираше информациите за него, или барем така се мислеше.

Заради тоа сега му остана на VW сето тоа да го спакува и да ни го пласира интегрално, започнувајќи со информацијата дека производството веќе му е започнато.

Тоа се одвива заедно со заедно со ID.3 во фабриката во Цвикау во Германија, која од идната година ќе има капацитет за 300.000 возила.

Направен е на модуларната MEB платформа која не е многу менувана во однос на хечбекот, што значи дека првата верзија што ќе биде лансирана ќе има електромотор од 204 KS кој ќе ги задвижува само задните тркала.

Забрзувањето до 100 km/h изнесува 8,5 секунди, а максималната брзина е ограничена на 160 километри на час. За полнење на 80 отсто од батериите со нето капацитет од 77 kWh на брз полнач требаат околу 38 минути.

Во иднина ID.4 ќе биде понуден и во верзии со 148 и 170 KS, како и со батерии од 55 kWh. Во зависност од изведбата, автономијата ќе изнесува меѓу 360 и 520 km. Треба да ја очекуваме и посилната варијанта со два електромотора, 302 KS и погон на сите тркала.

Иницијалната верзија на ID.4 со ознака Pro ќе чини 39.849,42 евра во Германија. Освен таму, ќе се произведува уште во САД во фабриката во Чатануга и во Кина во партнерските погони на SAIC. Volkswagen очекува глобално од него да продава по половина милион примери годишно.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео