СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Не влегувајте со мокри чевли во Nissan Rogue

 

Повикувањето на сервис за отстранување на дополнително откриени недостатоци кај возилата не е ништо невообичаено.

Но тоа не може да се каже за причината заради која Nissan мора да реагира на околу 700 илјади примероци од моделот Rogue.

Имено, утврдено е дека возилата произведени од 2013 до 2016 година за американскиот пазар имаат „незгодна” фабричка грешка.

Во случај ако во нив често се влегува со мокри чевли, водата се насобира кај нозете на возачот и доаѓа до корозија, посебно ако таа е солена.

А точно на тоа место се наоѓа еден конектор од електричната инсталација кој предизвикува низа непријатни дефекти.

Откажуваат електричните подигнувачи на стаклата, се пали сијаличката за погонот на сите тркала и акумулаторот се празни, но во најлош случај може да дојде и до пожар.

Сето ова им создава главоболки на инженерите на Nissan кои сé уште го анализираат проблемот барајќи го оптималното решение за негово отстранување.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот