СЛЕДЕТЕ НЀ

Видео

Volkswagen го претстави спортскиот ID.4 GTX [видео]

 

Првиот електричен модел на Volkswagen со нагласени спортски карактеристики го носи суфиксот GTX.

За разлика од другите изведби на Volkswagen ID.4, оваа е значително посилна – основната разлика е што има два електромотора, за секоја оска по еден, кои на сите четири тркала им испорачуваат точно 299 коњски сили.

Познати се и перформансите – од Volkswagen велат дека ID.4 GTX постигнува 100 km/h за 6,2 секунди, додека максималната брзина е подигната на 180 km/h.

Во секојдневното користење на возилото ќе работи само задниот електромотор, додека предниот ќе се активира за неколку милисекунди откако сензорите ќе детектираат потреба од поголема сила.

Батериите се истите од 77 kWh кои тежат 486 килограми и обезбедуваат автономија од 480 km, но сега компатибилни со полначи до 125 kW што значи дека за половина час ќе се наполнат за поминување 300 km.

GTX изведбата на ID.4 лесно ќе се препознае по новата графика предните светла и по 20 или 21-инчните тркала.

Предните сопирачки дискови се од 358 mm, а назад ги нема – од некоја непозната и тешко сфатлива причина користени се барабан сопирачки.

Останатите измени на возилото се во согласност со спортскиот карактер – управувачот е подиректен, а ослонувањето потврдо.

Volkswagen ќе започне со продажба на ID.4 GTX ова лето, со цена која во Германија ќе изнесува 50.415 евра без вклучени субвенции.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео