СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Trinity – поглед во електричната кристална кугла на Volkswagen

 

Малку е прерано, ама Volkswagen уште сега официјално го најави идниот знаменосец на марката.

Електричен секако, тој ќе произлезе од проектот Trinity заради што и засега така се нарекува иако не е потврдено дека Volkswagen ќе ја задржи таа ознака.

Тоа сигурно и Германците не го знаат бидејќи е најавен да се појави дури во 2026 година, а дотогаш многу работи, сакале или не, ние или тие сеедно, ќе се променат.

Но она што треба да остане исто е дека со него се има намера да се постават нови стандарди во врска со автономијата, брзината на полнење на батериите и вградената електроника.

За неа се споменуваат автономни можности од ниво 4, што ќе значи дека овој автомобил ќе може сосема сам да се снајде во повеќето ситуации, дури и кога возачот (ако управува со него) ќе реагира несоодветно.

Дизајнерски треба да биде динамична купе-лимузина нешто налик на I.D. Vizzion концептот од пред неколку години (горе на малата сликата десно), а за него ќе биде развиена сосема нова електрична платформа.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот