СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Toyota го претстави својот прв електричен модел [видео]

 

Под слоганот Beyond Zero, со моделот bZ4X, Toyota го најавува почеток на својата нова ера.

Овој пат целосно електрична, чиј прв претставник, моделот bZ4X, ќе стигне во продажните салони на Toyota на почетокот на идната 2022 година.

Овој SUV креиран од празен лист хартија е поставен на e-TNGA платформата за електрични возила развиена во соработка со Subaru.

Нејзина карактеристика која ја разликува од базата на другите автопроизводители е што возилата на неа можат да имаат погон на предните, задните или на сите тркала.

Првите две букви во ознаката, bZ, се кратенка од Beyond Zero, што според Toyota значи вредност поголема од нула, бројот 4 е големината на моделот а X значи кросовер.

Со ваквата номенклатура јапонскиот производител ја истакнува намерата за создавање семејство возила со нулти емисии, односно електрични.

Во него ќе бидат вклучени 15 модели од различни типови и класи – кои точно не знаеме, но минатата година Toyota ги заштити ознаките од bZ1 до bZ5.

Сега претставената сериска верзија на овој електричен автомобил практично не се разликува од истоимениот прототип покажан во април.

Екстериерот е изведен во новиот футуристички дизајнерски јазик кој стручњаците на Toyota го развија посебно за електричното bZ семејство.

Изгледот се карактеризира со сложена надворешни површини, кратка хауба и тесни LED светла, маска нема а отворите за воздух се ненападливо големи.

Од страна и одзади по малку потсетува на сегашните SUV модели на марката, а здебелените задни столбови му даваат посебен и динамичен стил.

Според димензиите скоро е идентичен на RAV4, но заради електричниот погон има значително поголемо меѓуоскино растојание.

Благодарение на тоа, овој новитет во внатрешноста, посебно на задната клупа, нуди простор колку за класа поголемите возила.

А и во неа разлики во однос на прототипот скоро нема, па на некои верзии е задржан и One motion grip управувачот кој се свртува само за по 150 степени.

Тоа е постигнато благодарение на Steer-by-wire технологијата без механичка врска, а за избор на преносот и за паркирање се користат ротирачка подлошка и посебно копче.

Toyota bZ4X ќе се произведува во две верзии, со еден и два електромотора – првата има погон на предните тркала и 204 KS, а 4×4 верзијата 218 KS.

И двете верзии имаат литиум-јонски батерии со капацитет од 71,4 kWh кои обезбедуваат автономија од 500, односно 460 километри зависно од погонот.

Цените ќе бидат објавени дополнително.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV