СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Cupra Born – претпремиера [видео]

 

Шпанците ја закажаа премиерата на Cupra Born за 25 мај, но не можеа да издржат а да не го покажат.

Дека е при крај со развојот на електричниот хечбек Seat најави минатиот месец со серија информации од финалните тестови близу арктичкиот круг.

Во меѓувреме премиерата на Cupra Born е сé поблиска и раководството на брендот одлучи дека треба да ни каже уште нешто за него.

И овој автомобил е базиран на Volkswagen MEB платформата како и ID.3 и останатите, заради што ќе се произведува заедно со нив во фабриката во Цвикау во Германија.

Според досегашните најави ќе има електромотор со 204 KS кој ќе ги задвижува задните тркала и батерии од 77 kWh за автономија од околу 500 km.

Подоцна се очекува и помоќна поспортска варијанта со два електромотора, погон на сите четири тркала и буст-функција која ќе овозможи повеќе сила во краток временски период.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV