СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Tesla Model S опточен со 24-каратно злато [видео]

 

На сите на кои Model S им е здодевен автомобил, компанијата Caviar им понуди посебна едиција.

Како основа е земена електричната лимузина на Tesla во црна боја бидејќи таа најдобро ги истакнува корекциите што ги направија.

Ги има повеќе – маската, тркалата, кочните клешти и разни инсерти на браниците, ретровизорите, вратите, задниот дифузор, капакот на багажникот и друго, се опточени со 24-каратно злато.

Употребена е технологија на двојна галванизација, а резултатот можете да го видите на фотографиите и видеото.

Автомобилот кој ја има ознаката Model Excellence 24K ќе биде достапен за само 99 купувачи, кои за него ќе избројат по 299.000 долари.

Механиката не е менувана – Model S Plaid има три електромотора кои заедно испорачуваат 1.020 KS доволни за забрзување до сто километри на час за 2,1 секунда и максимални 322 km/h.

За крај само уште една работа – компанијата Caviar е со седиште во Русија.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео