СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Suzuki најде начин како да го спаси Jimny

 

Со пренамена на патничката верзија во лесно комерцијално возило, Suzuki успеа некако да ги заобиколи нормите за загадување и го задржа во понуда малиот теренец Jimny.

Европскиот Парламент од неодамна го воведе најавуваниот лимит на емисија на CO2 на 95 gr/km кој важи за просекот на целата гама која производителите ја нудат.

Ова беше причина Suzuki да го повлече од понуда атрактивниот теренец Jimny поради тоа што ја загрозува понудата на останатите модели од гамата.

Понудениот 1.5 литарски бензинец од 102 КС, интегралниот погон и петстепената мануелна трансмисија не се среќна комбинација која би го поправила вкупниот просек.

Но Suzuki сепак успеа да пронајде дупка во законот и идентичниот модел го понуди како лесно комерцијално возило. Законот вели дека за таа категорија долната граница на емисија на штетниот CO2 изнесува 147 gr/km.

При трансформацијата курбан отиде задната клупа која сега е претворена во товарен простор. Останата опрема е идентична како во патничката верзија, па од почетокот на идната година за кога е планирана продажбата на Suzuki Jimny Van, клиентите повторно ќе можат да ги уживаат благодетите на богатата сериска опрема која ја нудеше и патничката верзија.

Да потсетиме во стандардниот пакет на Jimny помеѓу сотанатото, беа вклучени темпомат, клима уред, резервно тркало со нормални димензии, инфо-збавен систем со екран на допир како и конективните можности Apple Carplay и Android Auto.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV