СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Tesla во Европа ќе продава возила произведени во Кина (видео)

Уште една контроверзна одлука на Елон Маск – неговата компанија одлучи Model 3 за Европа да го увезува од Кина.

Од монтажните ленти на новата фабрика во Шангај засега се симнува само Model 3, чиј извоз е планиран да започне при крајот на годинава односно почетокот на наредната 2021-ва.

Наводно, покрај Европа се таргетирани и пазарите на Сингапур, Австралија и Нов Зеланд, што иако има некоја логика повторно изненадува бидејќи возилата таму, за разлика од Кина и Европа, имаат управувач од десната страна.

Се разбира, од калифорнискиот производител одбија да ги коментираат ваквите наводи, но факт е дека во Кина имаат помали трошоци за производство отколку во САД.

Tesla покрај Берлин гради нова фабрика која треба да започне со производство на средината на идната година, но во неа е планирано да се произведува Model Y.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV