СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

SsangYong го обнови Rexton

Јужнокорејскиот SUV-специјалист SsangYong го подготви големиот Rexton за нови пазарни предизвици.

Првите фотографии на SsangYong Rexton покажуваат комплетно изменет преден дел со поголема саќеста маска, нови светла, друг браник, како и дотеран заден дел со нови LED светла и хромирана лајсна.

За внатрешноста се предвидени унапреден инфозабавен систем, дигитална инструмент табла, нов управувач и секако поквалитетни материјали.

Освен тоа, меѓу останатото доби и адаптивен темпомат кои веќе се нуди во Korando.

Димензиски Rexton остана на своите 4.850 mm  должина, 1.960 широчина, 1.825 височина и со меѓуоскиното растојание од 2.865 mm.

Деталите за моторизацијата ќе бидат објавени на 4 ноември, за кога е закажана официјалната презентација.

Сегашната генерација на Rexton е претставена пред три година. Претходната, прва генерација се произведуваше цели 17 години.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот