СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Škoda Slavia – практична лимузина за пристојна цена [фото галерија, видео]

 

После серија најави, Škoda и официјално го претстави новиот модел, класичен триволуменски компактен седан резервиран за Индија.

Носи име Slavia и навистина е штета што вакви пристојни лимузини Škoda повеќе не продава на пазарите во Европа, ако не на сите барем на источните каде секогаш добро поминуваа.

Сигурни сме дека така ќе биде и со Slavia, која воопшто не изгледа ниту лошо ниту евтино, иако има стартна цена од околу 12.000 евра.

Поставена е на варијанта на MQB платформата што чешкиот производител ја има посебно развиено само за Индија, која ѝ дава должина од 4,54 и меѓуоскино растојание од 2,65 метри.

Со други зборови, Slavia е поголема од првата генерација на Octavia од која се разликува и по тоа што е класичен седан, без петта врата на багажникот во кој собира 521 литар.

Дизајнирана е налик на Fabia, од каде е и преселен поголем дел од со опрема и квалитетни материјали добро пополнетата и пространа внатрешност.

Сериозно е пристапено и кон безбедноста, а за перформансите ќе се грижат трицилиндричен 1,0 литарски со 115 и поголемиот 1,5 литарски мотор со 150 KS.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот