СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Škoda Enyaq Coupe – веќе поставен под рефлекторите

 

Со новата каросериска изведба, Škoda додава посебно емотивен акцент на својот прв електричен модел.

Скицата што ја објавија дизајнерите ја покажува благо наклонетата линија на покривот кој спуштајќи се незабележливо се спојува со вратата од багажникот.

Предниот дел се карактеризира со големата и впечатливо препознатлива маска и рамните и остро исечени светла кои ја нагласуваат широчината.

На задниот дел треба да доминира натписот Škoda испишан со големи букви под остриот раб на багажникот.

Освен што редизајнираната линија на покривот ја нагласува елеганцијата, таа е заслужна и за подобрената аеродинамика која донесува за 10 km поголема автономија.

Електричното купе ќе биде достапно со истите мотори како и стандардниот Enyaq освен основната iV 50 верзија со 148 KS и батерии од 55 kWh.

Новитетот ќе биде претставен на јавноста на дигитална презентација на 31 јануари.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV