СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Rolls-Royce Cullinan: Ултимативниот луксуз влетува во авантура

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: RollsRoyceCullinan not found

 

Cullinan е првиот SUV кој славната британска марка го нуди на одбрана клиентела која не се одрекува од врвен луксуз дури и кога излегува вон асфалтот.

На крајот и Rolls-Royce попушти. Налетот на возилата со SUV архитектура е толку силен што ги брише сите можни граници.

Притисокот од млади, успешни бизнисмени беше толку голем што конзервативните британци мораа да одговорат со адекватна понуда.

Проектот Cullinan е започнат во 2015 година за да сега финишира со производ кој целосно излегува од супер луксузната лимузинска шема која Rolls-Royce ја негува уште од своите почетоци во 1906, а под раководна палка на BMW ја интензивира од 1998 година.

Rolls-Royce со проектот Cullinan има јасна цел: на селектирана публика да и овозможи вонасфалтни авантури притоа не откажувајќи се од врвниот луксуз кои ја прославија марката со симболот на Spirit of Exstasy на носот.

А како тоа се постигнува тие одлично знаат. На платформа од врвната лимузина Phantom се надградува целосно алуминиумска каросерија која потоа се обликува со цел за задоволување на највисоките барања од еден екстравагантен SUV претставник.

За да се стекне вистинска слика за грандиозноста на проектот Cullinan доволно е да се погледнат димензиите (5.341 x 2.164 x 1.835) mm, потоа меѓуоскиното растојание од 3.295 mm како и вкупната тежина од 2.660 kg.

На прашањето што, и колку успешно, го движи овој масивен луксуз на тркала, инжињерите имаат подготвен одговор. V12 од 6.75 литри со 571 КС и 850 Nm, кој може и преку 250 км/ч но е електронски ограничен. Сериозно!

Поптирањето, како што и се очекува, е врвно а во Rolls-Royce го опишуваат како Magic Ride Carpet. Тој волшебен летечки килим, преку хидро пнеуматска амортизација овозможува и вонасфалтните авантури да се поминуваат глатко исто како што тоа га прават и салвните лимузини.

Што друго се добива за нешто преку 300 илјади евра? Врвен луксуз кој тешко може и да се опише. Бонусот во вид на неповторлив имиџ е вграден во истиот износ на банкноти.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот