СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Audi e-Tron Prototipe: Прецизен план за искачување на електричниот трон

 

Со прототипот e-Tron, премиум производителот од Инголшат ги најавува амбициите за запоседнување на врвот во категоријата на премиум електрчни возила.

Последната фаза во претставувањето на серискиот e-Tron, Audi ја реализира во Берлин. Поточно, пред службеното прикажување на јавноста кое ќе се одржи на 30. август во Брисел, се подготвуваат само уште маркетиншките материјали.

Додека конкурентите се нетрпеливи да го сознаат нивото на вградената технологија, корисниците својот интерес го усмеруваат во типот, опремата и цените на возилото.

Меѓутоа, а гледано од стратеши аспект можеби и најважно, правецот во кој се движи производителот со четири круга на маската. Следејќи ги најавите, без никакво сомнение иднината на Audi е поврзана со погонот на електрична енергија.

Audi e-Tron кој ќе биде претставен во европската метропола, Брисел (а таму и ќе се произведува) ја започнува таа електрична ера. Интензитетот на електрификација на моделите, според акцискиот план, предвидува до 2025 да се достигне годишна продажба од 800 илјади возила. А тоа е прилично амбициозна бројка.

Според каросерикста изведба Audi e-Tron Prototipe е најблизок до категоријата на кросовери. Целосно електричното возило има сет на литиум-јонски батерии со капацитет од 95 kWh кои се вградени во подницата на возилото.

Од достапните информации дознаваме дека тие батерии се доволни за автономија од рамно 400 км. И тоа мерено според новите WLTP (Worldwide harmonized Light vehicles Test Procedure) стандарди кои се многу пореални од постоечките мерења кои се изведуваат според NEDC.

Додека чекаме на останатите технички детали да потсетиме дека според зададената динамика, во 2019 се планира претставување на лимузинскиот Audi e-Tron Sportbak  додека спортските апетити би требало да ги задоволи Audi e-Tron GT кој ќе биде претставен во 2020 година.

За избегнување на непријатното искуство со празни батерии, производителот гради нови 200 станици за полнење кои во целост ги враќаат батериите во живот за само 30 мин.

Планот предвидува до 2020 изградба на нови 400 станици за полнење кои ќе бидат распределени низ цела Европа а кои меѓусебно ќе бидат одалечени на максимални 120 км.

Без никакви дилеми, Audi својата иднина ја проектира низ призмата на електрични возила напојувани со помош на батерии.

Повеќе од сигурно е дека интензивниот развој на технологијата на капацитетни и брзо-полнечки батерии ќе ја одигра решавачката улога при идниот изборот за погон на возилата.

Како важен ефект од тој развој се очекува да биде и намалување на цената, што пак во моментот претставува најголема пречка за помасовна примена.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот