СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Rimac ќе добие пари за Bugatti од Porsche!

 

Мате Римац, сопственикот на хрватскиот производител на електрични суперавтомобили потврди дека Rimac Automobili планира во наредните месеци да соберат 130 до 150 милиони евра.

Во собирањето на парите кои ќе бидат наменети за купување на Bugatti, ќе учествува и Porsche кој за возврат ќе ја зголеми својата сопственост во Rimac Automobili од сегашните 15,5 на нешто под 50 отсто.

Одлуката дали Bugatti ќе се „продаде“ на Rimac, раководството на групата Volkswagen треба да ја донесе во првата половина од годинава.

Извесно е дека одлуката ќе биде позитивна, а потврдата доаѓа директно од директорот на Porsche Оливер Блуме кој рече дека Bugatti и Rimac претставуваат добра технолошка комбинација.

Парите треба да бидат собрани за два-три месеца, а до крајот на годинава во план е уште еден циклус на финансирање.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV