СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Renault драстично ја крати гамата мотори

 

Како најава за блиската иднина, од Renault стигнуваат вести дека до 2025 година драстично ќе се намали гамата мотори со кои ќе ги нудат своите модели.

Како што изјави Лука де Мео, понудата ќе се сведе на само еден бензински мотор за автомобилите и еден дизел за комерцијалните возила, кои ќе бидат на располагање во повеќе верзии.

Причината за ваквата стратешка одлука се доаѓањето на строгите Euro 7 стандарди за емисија на штетни гасови и итната потреба на Renault за заштеди, заради што ќе се кратат трошоците за развој.

Во моментов компанијата има седум семејства мотори со внатрешно согорување – четири бензински и три дизел.

Но после рационализацијата единствен ќе остане новиот 1,2 литарски трицилиндричен мотор кој сега е во фаза на интензивен развој.

Сите изведби на овој мотор, кој ќе се појави идната година во замената за Kadjar, ќе имаат некој систем на хибридна поддршка, со што инженерите на Renault од него ќе можат да извлечат и до 300 коњски сили.

За регионите каде нема да мораат да ги исполнуваат Euro 7 нормите (Русија, на пример) некои од сегашните мотори ќе бидат задржани.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV