СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Најавен електричниот Kia EV6 [3*видео]

 

Со неколку затемнети слики и видеа, Kia ја најави скорешната премиера на својот нов електричен модел.

Наречен е EV6 во согласност со новата поедноставна номенклатура на Kia според која секој електричен модел ќе го има префиксот EV и бројка која одговара на неговата големина.

Нормално, се работи за кросовер кој ќе биде базиран на новата семејна E-GMP платформа, истата онаа на која е поставен и Ioniq 5 на Hyundai.

Тоа значи дека има 800-волтна архитектура која обезбедува брзо полнење и батерии кои ќе овозможуваат автономија поголема од 500 km.

Премиерата ја очекуваме некаде во април, кога ќе дознаеме повеќе за овој модел кој е еден од седумте сосема нови електрични автомобили кои Kia најави дека ќе ги лансира до 2027 година.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV