СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Renault 5 E-Tech: Електричен погон и безвременски дизајн

 

Шефот за дизајн на Renault, Лоренс ван ден Акер, навестува иста долговечност како Fiat 500 или Porsche 911

„Ретро футуристичката“ форма на новиот Renault 5 E-Tech непогрешливо ги потсетува луѓето на одличните денови на оригиналниот R5 (R5 Turbo).

Тој започна да се произведува во 1972, а на пазарот беше присутен се до 1985 година.

Шефот за дизајн, Лоренс ван ден Акер, верува дека тоа му дава на моделот иконски изглед и форма со ист вид на долготрајна способност како што ги имаат еден Mini или Fiat 500.

Усвојувањето на новата форма на R5 беше многу прагматична одлука донесена од извршниот директор на групацијата Лука де Мео кога како концепет првпат пристигна во компанијата во 2021 година.

Пред три ипол години предлогот беше комплетиран во дизајнерското студио, создаден по уверувањата дека новиот модел треба истовремено да ги замени Clio и Twingo, а компанијата не може да си дозволи да ги направи и двете.

Ван ден Акер верува дека Renault ќе има големи придобивки од користењето на емотивен, ретро-модерен дизајн, но тој признава дека може да има проблеми во времето на замена за компаниите кои имаат таков дизајн.

Рено не е во таа позиција. „Имаме и други модели од Б-сегментот“, објаснува тој. „Предводени од Лука, веруваме дека 5-ката би можела на пазарот да помине цели 20 години.

Сериската верзија на Renault 5 беше претставена на салонот за автомобили во Женева, како прва во бранот ретро електрични автомобили кои се очекуваат од француската марка во следните неколку години.

Говорејќи за електричната постава, во својата подница Renault 5 E-Tech ќе инкорпорира две големини на батерии: од 40 kWh и 52 kWh, како и електромотори со 120 или 150 КС.

Според стандардите на WLTP мерењата, автономијата изнесува 300 за помалата и 400 километри за поголемата батерија. Двете верзии обезбедуваат забрзување под 10 секунди, со максимум кој е ограничен на 150 км/ч.

Во однос на полнењето на батериите исто така владее слобода на употреба на полначи со максимална енергија на полнење до 100 kW.

Renault има јасно зартана цел: да ја одбрани својата позиција на сè поконкурентниот пазар на мали автомобили, а 5 E-Tech е доказ за посветеноста на компанијата за обезбедување на достапни автомобили во ерата на EV.

Цената од 25.000 евра во Европа се очекува да го даде својот придонес за зартаните планови. Ако се земе предвид дека Citroen веќе го нуди e-C3 со цена под 25К евра, станува јасно дека Европа го возвраќа ударот на кинеските EV во класата од „4 метри“.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV