СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Стоп за екраните на допир

 

European New Car Assessment Program (EuroNCAP) односно Европската програма за оценување на новите возила ги прогласи за опасни екраните чувствителни на допир.

Производителите се натпреваруваат кој ќе стави (и колку) екрани на допир со во новите модели.

Нив ги има насекаде, од возачките, преку средишните, па се до совозачките и тие на задните седишта.

Предмет на разгледување на Европската програма за оценување на новите возила беа централно поставените екрани на допир преку кои се извршуваат безмалку сите команди на возилото.

Со тоа класичните механички команди речиси во потполност се отстранети од употреба. Убаво тоа изгледа, па дури и многу „фенси“, но таа има и свои видни, па дури и опасни недостатоци.

Како пример може да се земат некои од примарните функции како што е ргулирањето на температурата.

За да се регулира тоа мора да се „прошета“ низ менијата, дејство кое го одвлекува вниманието и погледот на возачот од патот.

А тоа се коси со основните начела на безбедното управување.

На трендот на поставување на сите функции на возилото на еден екран сега остро се спротивстави European New Car Assessment Program (EuroNCAP) оценувајчи го како загрозувачки и опасно по безбедноста во сообраќајот.

Од „програмата“ препорачуваат повторно враќање кон физичките команди, во најмала мера за примарните команди на возилото.

Според EuroNCAP ова е една од главните причини за одвлекување на вниманието на возачот. Само да потсетиме, истата оваа агенција ги извршува „креш“ тестовите на новите возила!

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот