СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Premium AGS со примамливи понуди

 

Новиот дилер на Volvo Cars во Македонија нуди специјални акциски цени за моделите од XC-линијата (XC40, XC60 и XC90) со вклучена Polestar оптимизација, Style кит или сет зимски гуми со алуминиумски фелни! Во тек е и посебна акција која вклучува бесплатен зимски преглед за сите сопственици на Volvo автомобили во Македонија!

Акциски цени

XC40, кој беше прогласен за Европски автомобил на годината за 2018 ќе биде достапен со почетна цена која е поставена на 32.190 евра за моделот во T3 INTRO верзијата. Кoмапактниот премиум SUV носи во себе големи иновации и богата сериска опрема.

XC60 беше избран за Светски автомобил на годината за 2018, а покрај акциската цена од 49.990 евра, за верзијата D4 MOMENTUM, во Premium AGS нудат можност за избор меѓу Polestar оптимизација, Style кит или сет зимски гуми со алуминиумски фелни.

Моделот XC90 D5 AWD со MOMENTUM+ пакет на опрема, кој претставува луксузна комбинација помеѓу совршената безбедност, софистицираната силина, максимална удобност и елегантен дизајн, сега е достапен со цена од 74.990 евра. Дополнително и за овој модел, Premium AGS нуди бесплатна Polestar оптимизација, Style кит или сет зимски гуми со алуминиумски фелни.

Сервисна акција

Освен акциските понуди за новите купувачи, од Premium AGS обезбедија и пријатно изненадување за постоечките сопственици на Volvo автомобили во Македонија.

Имено, доколку веќе поседувате Volvo автомобил, можете веднаш да закажете бесплатен зимски преглед на вашето возилои воедно да се запознаете со вашиот нов Volvo советник.

Прегледот го вршат врвно обучени сервисери, а прегледот можете веднаш да го пријавите на службената страна на импортерот, www.volvocars.mk

На пролет, Volvo во нов дом

Последната новина од Premium AGS е изградбата на сосема нов салон за Volvo Cars според најновите светски стандарди. Изградбата е во напредна фаза, а Volvo планира преселување во својот дом веќе на пролет следната година.

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг