СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Практично запознавање со Peugeot Rifter

 

На пригоден начин на македонската стручна јавност и беше претставен целосно новиот Peugeot Rifter, мултифункционално возило конструирано за задоволување на широк спектар на потреби.

Со конструирањето на Rifter, Peugeot уште еднаш покажува дека наместо да следат трендови, тие ги создаваат. Токму промената на името од Partner во Rifer има задача да ја истакне функционалната разлика помеѓу успешниот модел и неговиот иноватен наследник.

Комбинацијата на SUV, моноволумен и транспортер го прави Rifter уникатен производ на пазарот. Кога таа мултифункциоалност ќе се оплемени со Peugeot i-Cocpit, потоа со 19 функции за асистенции при возење, нови мотори, … тоа возило заслужува посебно внимание и должна почит.

„Во сегментот во кој спаѓа новиот Peugeot Rifter, брендот бележи успех повеќе од 20 години со Peugeot Partner. Peugeot Rifter е конструиран под паролата „квалитет без компромис“ изработен е на нова EMP2 платформа, има нови мотори, робусен и елегантен, со видлив квалитет на изработка и е генијално модуларен.“ – изјави Ивана Манчева Михајловска, регионален Маркетинг Директор во Еуроимпекс.

„Новиот Peugeot Rifter е сосема ново возило. Тој не е СУВ, не е моноволуменец. Тој е сосема нов предлог даден од Peugeot, затоа и имаме ново име. Самото име е кратко и веднаш потсеќа на движење вон градска средина, на робустност, модуларност, авантура…

Точно е дека дизајнот на овој модел е повеќе агресивен и модерен, сепак ќе кажеме дека секое возило има свој стил, дизајн и своја потенцијална клиентела за која е наменет“ – изјави Ана Николоска, Менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс.

Вградувањето на нови мотори во Rifter му дава посебна тежина на целиот проект во кој се вклучени и останататите брендови на групацијата, па дури и други производители.

На располагање се ставени два бензински PureTech мотори со 110 и 130 КС а посебно е интересна дизелската понуда која се состои од три BlueHDi пропулзии со 75, 100 и 130 КС. Се разбира дека сите мотори ги исполнуваат Euro 6d Temp нормите кои на сила ќе стапат во септември идната година.

Овие првични информации можете да ги збогатите со обраќање на веб страната на домашниот увозник на www.peugeot.mk или на фб страницата> FB/PeugeotMacedonia

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг