Шведскиот производител на премиум автомобили од сега добива нов овластен увозник. Целосната грижа за продажба и оддржување на патничките возила на Volvo сега преминува во Premium AGS.
Комплетната гама на возила на Volvo, вклучувајќи го и моделот XC 40 кој е закитен со титулата Автомобил на годината во Европа за 2018, беше изложена при претставувањето на новиот увозник за нашиот пазар, Premium AGS.
За да нема забуни, тоа е истата локација на која сé досега функционираше салонската продажба на Premium Auto Zentrum.
Убавиот настан беше добра прилика за претставување на новата групација AGS Grupa, под чија капа ќе функционира и импортерството на Volvo.
Во состав на групацијата за сега влегуваат компаниите: Premium AGS, AGS Rent a Car, AGS Control, TÜV Nord и EOS Broker, како и две фимри кои не се поврзани со автомобилскиот бизнис.
Со формирањето на новата групација се спојуваат фирмите кои се бавеа со продажба на автомобили, осигурување, нивно оддржување, контрола, како и фирмата за изнајмување возила.
Со тоа автомобилската дејност се заокружува во една високо професионална групација опремена и обучена по највисоки светски стандарди и тоа со максимална посвета за секоја дејност посебно.
Покрај новото застапништво на Volvo, од AGS Grupa најавувија преземање на уште еден познат европски бренд и градење на уште два нови пордажно-сервисни салони.
И да се вратиме повторно на Volvo. Во продажниот салон на посетителите им се пружа можноста непосредно да се запознаат со исклучителната гама премиум возила во која е веќе вклучен и сосем новиот Volvo V60.
Volvo V60
Volvo XC 40