СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Kia Ceed: Во Македонија директно од Paris Motor Show

 

Новата, трета генерација на Kia Ceed, пристигна и веќе е достапна во салонот на домашниот увозник, Киа Моторс Македонија во Скопје.

Новиот Ceed, возило од Ц-сегментот на корејскиот производител, е изграден врз новата корпорациска патформа K2, а доаѓа со блага промена на димензиите: ширината е зголемена за 2 сантиметри, додека на иста должина возилото е за 2.3 сантиметри пониско.

На непроменето меѓуоскино растојание (2.650 милиметри), багажниот волумен е зголемен за 15 литри и сега изнесува одлични 395 литри.

Компактот на Kia ќе се нуди со палета од 3 бензиски и еден дизел агрегат. Почетната моторизација ја сочинува 1.0 литарскиот трицилиндерски турбо мотор со 120 КС додека поголемиот бензинец од 1.4 литри, во зависност дали има вграден турбо полнач или е без него, развива 100 односно 140 КС.

Единствениот дизел ни е веќе добро познат: 1.6 литри со 136 КС; што е поважно и тој ги исполнува новите EURO 6d TEMP стандарди. Овие мотори можат да бидат спарени со 6-степенска мануелна трансмисија или пак со 7-степенски автоматик со двојна спојка.

Технолошкиот исчекор Kia Motors го прави со вградување на опрема во која помеѓу останатото се вклучени и адаптивна контрола на крстарење, управување на дел од функциите на автомобилот преку паметен телефон, JBL аудио, како и мултимедијален систем со екран во три различни големини.

Од системите за безбедност присутен е и електронскиот систем за асистенција кој го следи движењето во лента, потоа го покрива „мртвиот агол“ и помага при паркирање и излегување под прав агол од паркинг.

Околу цените и условите на ново пристигнатиот Kia Ceed ќе треба да се обратите во салонот на домашниот увозник Киа Моторс Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг