СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Porsche Taycan Turbo S на црта со Tesla Model S (ВИДЕО)

 

Колегите од CarWow ги наместија „на црта“ се досега неприкосновениот Tesla Model S и новопристигнатиот Porsche Taycan Turbo S за да ги соочат во најбитните динамички својства.

Се досега круната и припаѓаше на Tesla Model S. Забрзувањето, максималната брзина, меѓузабрзувањата, сопирањето, … беа динамички елементи во кои Американскиот електричен спортист беше неприкосновен.

Се разбира, овде говориме за големосериски електрични возила, исклучувајќи ги од конкуренција егзотичните производи од типот на Rimac Concepet One.

Иако на графиката од приложеното видео се дадени основните податоци, еве нека ги има и овде.

Tesla Model S на споредбата е дојден со Performance ‘Raven’ опрема во која е вклучен и ланч контрол кој додатно го подобрува забрзувањето. Тоа што до сега е познато за Model S на Tesla, него го придвижуваат два електромотри со вкупна силина од 794 КС и вртежен момент од 1.373 Nm.

Наспроти него застана најмоќната изведба на Taycan Turbo S со поскромни 751 КС и момент од 1.050 Nm. Помеѓу двата спортисти главната разлика се состои во менувачките кутии која кај Tesla е со еден додека кај Porsche со два степени на пренос (најнов производ на ZF).

Можеби токму тоа е причината што на линиското забрзување, како и во постигнување на максималната излезна брзина Porsche однесе победа со мала, но значајна предност.

Освен во таа дисциплина, Porsche однесе победа и во меѓузабрзувањата, а на крајот и во патот на сопирање Германскиот претставник покажува подобри перформанси.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео