Во пресрет на претставување на најновата, осма генерација на моделот 911 кое треба да се случи денес (27.11.) на салонот во Лос Анџелес, ќе ви понудиме краток преглед на досегашните седум поколенија на култниот спортист.
Првиот 911: раѓање на чедото од Zuffenhausen
Легенда се роди на Меѓународниот саем на автомобили (IAA) во Франкфурт, на 12 септември 1963 година. Porsche со гордост го претстави нетрпеливо очекуваниот наследник на моелот, 356.
Новиот спортски автомобил, првично беше претставен како 901, но потоа поради заштитената „нула“ во средина од троцифрени бројки од страна на Peugeot, го менува името во 911.
За да ги одрази амбициите на брендот, Porsche со новиот модел заигра во повисока лига. Тоа го направи со линиски мотор со шест наместо четири цилиндри и со воздушно ладење изведено восогласност со најдобрите традиции на компанијата. Резултатот е имресивен: моторот испорачува цели 130 КС.
Кога новиот модел се појави на пазарот во 1964 година, беше наречен 911и веднаш беше прифатен како “вистински” Porsche, бидејќи перформансите на новиот спортски автомобил ги надминува сите очекувања.
Сцената е поставена за незаменлива глобална кариера која остава траг на целата индустрија.
При крајот на производството на првата генерација, Porsche го претстави 911 Carrera RS 2.7 кој од своја страна ќе стане легенда сама за себе. Овој спортски автомобил тежеше само 1.000 килограми, разваше моќност од 210 КС и имаше најголема брзина од над 245 км/ч.
Вкупно 1.525 возила ги напуштиле фабричките порти во Цуфенхаузен. Затоа овој модел се смета за круна на првата генерација на 911. Во периодот помеѓу 1964 и 1973 година произведени се вкупно 111.995 примероци од „елферот“.
Летечки почеток со неверојатни технички иновации
Во 1973 година моделот 911 влезе во својата десетта година, и тоа со најмногу промени кои Porsche ги направил во целата успешна серија модели се до тогаш.
Производителот на автомобили со седиште во Штутгарт користеше моќни турбо мотори во својот врвен модел со поцинкувана каросерија, а дополнително на пазарот и претстави три нови изведби на 911: Cabriolet, Speedster и Targa. Со тоа патот на моделот 911 да стане спортска икона, веќе беше јасно трасиран.
Во1974 година, 3.0 литарскиот мотор поставен во задниот дел на 911 Turbo, достигнува нови, повисоки нивоа на моќност. Технологијата со вграден турбо компресор пренесена директно од мото спортот, првично беше понудена со 260 КС. Од 1977, дополнителниот интеркулер и зголемување на големината на моторот на 3.3 литри, обезбедија дополнителна моќност, што резултира со импресивни 300 КС.
Ова се одрази во зголемување на перформансите кои беа практично водечки во средината на 1970-тите, односно 5.2 секунди во спринт од 0 до 100 км/ч, беше исто толку неверојатно како и максималната брзина од над 260 км/ч. Уште една легенда беше родена со Turbo моделот.
Тип 964: нов почеток за 911
Третата генерација на овој спортски автомобил, позната како тип 964, ја комбинираше традиционалната силуета на класичниот модел со најсовремена технологија.
Првата варијанта на овој модел со погон на сите тркала (Carrera 4) што Porsche првично го имаше дизајнирано за спортските, перформансни автомобили, (серија 959) покажа колку напреден е новиот 911. Ова решение има електронски контролирана и хидраулично регулирана дистрибуција на вртежниот момент, која беше неверојатно напредна за своето време.
Системот со погон на сите тркала ги користеше сензорите на антиблокирачкиот систем за сопирање (ABS) кој, исто како и серво управувањето, станаа стандардни за овој модел.
За одбележување на 30-те години од постоење на моделот, во 1993 година беше произведен јубилејниот 911 модел кој беше една од најпрепознатливите варијации на 964-генерацијата. Ограничената серија од само 911 единица од овој специјален автомобил се карактеризираше со широк и аеродинамичен дифузер, како и спојлери на предниот и задниот дел – во оваа изведба беа комбинирани погонската единица на Carrera 4 со тело на купе и шасија на 911 Turbo.
993: врв на ерата на мотори со воздушно ладење
Четвртата генерација на 911 (кодна ознака, 993) е едно од најпосакуваните изданија во историјата на оваа спортска класика.
Истакнувајќи ја својата водечка позиција во сегментот на спортски автомобили со своите технички карактеристики – како што е целосно редизајнираната LSA алуминиумска шасија, која комбинира лесна конструкција, стабилност и агилност.
До денес, мулти-линк суспензијата се смета за врвна фаза на развојот на задната “Weissach” оска, која креираше сопствена историја и ја запечати со своите неповторливи својства на управување. Резултат: уште подобра динамика на возење и зголемена удобност на суспензијата.
996: прв 911 со шестцилиндерски линиски мотор со водно ладење
Со петтата генерација на 911 прикажана 1997 година (кодна ознака, 996) Porsche презеде храбар чекор за престанок на користење на мотори со воздушно ладење. По 34 години, Porsche целосно ја преработи иконата 911 и со тоа реши голем број предизвици.
Како дел од процесот што започна со претходникот, фокусот беше ставен на намалување на трошоците за производство преку максимална компатибилност на делови со други модели како што е Boxster, како и за исполнување на актуелните безбедносни и регулативи за емисии на штетни гасови.
Porsche својот пат кон иднината го пронајде со 996. Тоа го стори со зачувување на класичните пропорции и комбинирање со модерна технологија со што повторно ја креираше легендата за спортскиот автомобил и нејзино подготвување за иднината. 996 имаше тешко наследство кое требаше да го следи, но тоа бездруго претставуваше и прво поглавје од новата ера.
997: Технолошка офанзива, нов дизајн и голема разновидност
Од 2004 година, Porsche 911 беше достапен во повеќе различни верзии од кога било порано: клиентите можеа да изберат од Coupe или Targa, Cabrio или Speedster, заден или погон на сите тркала, со тесна или широка каросерија, со водено ладење, природно аспирирани и турбо мотори, GTS или GT2, GT2 RS или GT3 спортски верзии, или било кој од двата модели на GT3 RS.
Вклучувајќи посебни модели, вкупно беа достапни 24 варијанти кои додатно можеа да се дополнат со широк спектар на опции за персонализација.
Со дизајнот од типот 997, Porsche го направи 911 уште поостар благодарение на подинамичниот и моќен изглед. Carrera веќе беше значително поагресивна со поизразено обликување на задниот дел, додека ширината на S, GT и Turbo моделите се зголеми за 44 mm.
Тип 997 се издвои од својот претходник со своите поостри, кружни јасни фарови, означувајќи враќање на важен елемент на стилот на воздушно ладените 911 модели.
991: легендарниот 911 во повеќе од милион примероци
Од 2011 година, тип 991 претставува технички најнапреден модел на 911 досега. 991 изгледаше посилно од било кој друг 911 пред него – ефект кој беше постигнат со широчина и меѓуоскино растојание зголемено за цели 10 cm.
Исто така, имаше активна аеродинамика: 911 беше првиот сериски спортски автомобил од Porsche кој ја прифати оваа технологија од хибридниот супер спортски автомобил, 918 Spyder.
Новодизајнираниот ентериер на 991 беше базиран на архитектурата на Carrera GT.
Тој ги комбинира класичните 911 елементи како што се петте кружни инструменти – еден како мултифункционален дисплеј со висока резолуција – со модерен дизајн и зголемена ергономија. Во исто време, новиот Porsche Communication Management (PCM) беше воведен со подобрена конективност, мулти-монитор и информации за сообраќајот во реално време.
Најистакнат модел од серијата беше 911 Targa, кој ја претстави класичната идеја на овој концепт и ја комбинираше со паметен дизајн на покривот. Други моменти беа моделните варијанти, како што се моделите 911 Carrera T оптимизирани по тежина, екстремно лесната 911 R, која беше произведена во ограничено серија од 991 возила, како и 911 GT3 RS со тежина од само 1.370 kg. Моделот со специјално ограничено производство „50 години од 911“ беше исто така многу посакуван, со производство на точно 1.963 единици.
Важно место во историјата на компанијата е завземено од „ирскиот зелен спортски автомобил“ со бројни ексклузивни карактеристики кој излезе од производната линија во Zuffenhausen на 11 мај 2017 година: еден милионитиот 911.
991 генерацијата на 911 беше апсолутен бестселер за Porsche. Во периодот од 2011 до 31 октомври 2018 година беа испорачани 217.930 единици. Севкупно, од своето деби во 1963 година до крајот на октомври 2018 година, Porsche произведе вкупно 1.049.330 примероци од моделот, 911.
Интересно
-
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиДомашна премиера на BMW X3
Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел...
Од Autoinfo.mk -
Колумни
/ пред 2 месециЕвропа ја губи трката
Кризата во автомобилската индустрија се посилно ја притиска европската економија. Состојбите воопшто не...
Од Autoinfo.mk -
EV
/ пред 2 месециZeekr Mix: врвниот семеен ван, во Кина ќе чини неполни 36.000 евра
Брендот Zeekr на Geely има полни раце работа со проширување на својата гама....
Од Autoinfo.mk