СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Citroën Berlingo, Opel Combo Life и Peugeot Rifter ја освоија титулата AUTOBEST 2019 – Best Buy car of Europe

 

Покрај главната награда беа доделени  и ECOBEST 2018 која ја доби Jaguar I-Pace, потоа COMPANYBEST 2018 со која е награден Aston Martin Lagonda, SAFETYBEST 2018 отиде кај Hyundai за новиот Rear Occupant Alert кој ги намалува опасностите за децата во топол автомобил и SMARTBEST 2018 која заврши во раце на BMW за Intelligent Personal Assistant.

Финалистите на изборот AUTOBEST 2019

Новите Citroën Berlingo, Peugeot Rifter и Opel Combo Life ја освоија AUTOBEST 2019 – Best Buy car of Europe титулата. Со вкупно 14.076 поени, триото на PSA го освои првото место со само 148 поени пред новата генерација на Ford Focus.

12-тата генерација на Toyota Corolla се најде на третото место со вкупно 13.846 поени, само 82 поени помалку од Focus. После нив во финалното рангирање следат Kia Ceed, Citroen C4 Cactus и втората генерација на Dacia Duster. Деталните резултати се објавени на веб-страницата на AUTOBEST, www.autobest.org.

“Задоволство ми е да им честитам на раководството на 3-те бренда на PSA кои ја освоија AUTOBEST 2019 титулата! Конкуренција беше тешка со многу силни конкуренти. Во однос на каросериските изведби и погонските групи, ова дефинитивно беше најразновидниот AUTOBEST во последниве години.

Jaguar I-Pace

Изборот на жирито за “Ludo space” тип на возило е храбра одлука која уште еднаш ја потврдува решеноста да се откријат новите трендови, давајќи му на просечниот европски потрошувач вистински водич за купување на автомобили што се погодни за утре!”, рече Илија Селиктар, претседателот на жирито.

“Победата на триото на PSA е сосема заслужена за оваа нова платформа конструирана од автомобилска перспектива со можност да обезбеди различен персоналитет кој одговара на она што го нуди секој бренд.

Платформа која убеди две меѓународни жирија од автомобилскиот и доставниот сегмент и која веројатно ќе биде една од најдобро продаваните во следниве години.

Ова е прв пат во нашата историја да имаме повеќекратен победник. Лично ми е драго за изборот на AUTOBEST жирито на овој каросериски стил како вистинско изразување на Best Buy Car of Europe”, рече Дан Варди, основач и претседавач на AUTOBEST.

Откако 18 години практично беше непроменет, легендарниот AUTOBEST начин на гласање беше надграден за ова издание за да ја опфати иднината на мобилноста која сега вклучува повеќе еколошки технологии, поврзаност и автономни возни способности.

Ова е првиот чекор од новиот приод кој жирито го воведува по објавувањето на AUTOBEST Credo од минатата година. Во наредните години ќе има повеќе новини кои ќе го стават AUTOBEST во првите редови на автомобилските медиуми кои ги проценуваат новите автомобили и технологии.

Со 31 застапена земја, AUTOBEST е најголемото независно автомобилско жири во Европа чие членови претставуваат повеќе од 95% од европската популација.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот