СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Porsche ќе гради нова фабрика во Словачка

Важна информација за задвижување на парализираната од корона-кризата автомобилска индустрија доаѓа од Словачка.

Според локалните медиуми, Porsche ќе гради нова фабрика во близина на Жилина каде се наоѓа фабриката на Kia.

Германскиот производител наводно веќе го имал доставено проектот до властите и поднел барање за дозвола за градба.

Информациите велат дека во оваа втора фабрика на Porsche во Словачка ќе се произведуваат каросерии за возилата, најверојатно за фабриката на VW групата во Братислава каде се склопува Cayenne.

Планот е да се инвестираат 250 милиони евра и да се вработат 1.200 луѓе, а бројки за капацитетите нема.

Porsche не ги потврди, ниту ги демантираше овие информации.

Според бројот на населението, Словачка произведува најмногу возила во светот. Минатата година од погоните на VW, PSA, Kia и Jaguar Land Rover во земјата излегоа 1,1 милион возила.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV