СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mitsubishi ја осакатува својата европска гама

На Mitsubishi му се брза – повлекувањето од европскиот пазар ќе започне од наредниот месец.

Спротивно од првобитниот план да престане со лансирањето на нови модели во Европа и да ги остави сегашните до крајот на нивниот животен век, јапонскиот производител веднаш ќе запре со испораките на своите најатрактивни модели на Стариот Континент.

Согласно одлуката која официјално не е потврдена, но ниту демантирана, Mitsubishi на европските купувачи повеќе нема да ги нуди Outlander, ASX и Eclipse Cross.

Според истите неименувани извори, малиот Space Star и пикапот L200 ќе останат до крајот на идната година.

Споменатите три SUV модели сочинуваат две третини од продажбата на марката во Европа, која лани достигна 144 илјади возила и пазарно учество од 0,9 отсто. Плус на тоа, Outlander PHEV е најдобро продаван плаг-ин хибрид.

Најдобра година во последниве три децении за марката беше 1999-тата со 205 илјади (1,34% пазарно учество), а најслаба 2012-тата кога беа продадени само 77 илјади возила и постигнато пазарно учество од 0,6%.

Се разбира, оваа радикална одлука наиде на револт кај дилерите на марката, кои и онака долги години наназад не беа задоволни со пополнетоста на гамата што ја нудат и реагираа за немањето слух за нивните проблеми и мислења од страна на јапонското раководство.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV