СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Peugeot e-Legend Concept: Времето е релативна категорија (видео)

 

Конструкторите на Peugeot изработија возило на иднината во кое на прекрасен начин го реинкарнираа духот на моделот 504 Coupe, претставен пред половина век.

Peugeot ја проектира иднината со поглед кон славното минато. А кога ќе се погледне во историскиот ретровизор гордо стојат бројни модели кои изминативе 120 години на иновативен начин го придвижуваат светот.

Таа проекција не познава здодевни форми, напротив тоа богато творештво е исткаено од дизајнерски и технолошки решенија кои се, помалку или повеќе, секогаш пред своето време.

Со концептот e-Legend, Peugeot ни овозможува да фрлиме поглед кон блиската автомобилска иднина. И тоа го прави во ретро стил, всушност концептот е толку импресивен што подеднакво ќе ги возбуди духовите на сите влубеници во перфектните линии.

Повелете внатре

Под надворешниот ретро изглед се крие ултра современ ентериер. Иако во многу детали се испочитувани начелата поставени од славниот Peugeot 504 Coupe, нивната нова интерпретација создава слика од иднината.

Интересен е изборот на материјали, кои иако се работи за концепт, веќе се вградени во поновите модели на марката: 3008, 4008 и 508. Тој момент му дава реалистична димензија на концептот со што јасно се покажува совладаното технолошко ниво.

Кога Peugeot e-Legend Concept ќе се погледне од технолошки аспект, повторно се доаѓа до констатацијата за сериска применливост на вградените компоненти.

Сериски применлива технологија

Возилото се движи само со помош на електрична енергија која се црпи од сет на батерии со капацитет од 100 kWh. Штом е веќе така, самостојното управување речиси и да се подразбира. Кај e-Legend инженерите вградуваат два различни начини на возење, а сé во зависност од расположението и потребите.

Во случај возачот сам да посака да преземе контрола, управувачот се извлекува, инструментите ја формираат контролната табла и забавата може да започне.

Да точно, динамиката овозможена од електромоторот со силина од 462 КС може да го забрза возилото за помалку од 4 секунди и да постигне максимални 220 км/ч. Динамичните својства се поддржани од интегралниот погон како и од паметната распределба на вртежниот момент.

Peugeot e-Legend Concept кој ќе биде прикажан на престојниот автомобилски салон во Париз, има автономијата oд 600 км (според WLTP протоколот) додека за поминување на 500 km потебно е време на полнење на батериите од само 20 мин.

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=cXt8L3hAEnM[/tube]

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот